Еден од фаворитите за освојување на титулата во европската елита – Барселона успеа да ги продолжи договорите со двајцата браќа-близнаци Петар и Ѓорѓе Цикуса.
Каталонскиот гигант и перспективните ракометари, на кои му се предводува голема кариера, постигнаа нова соработка, па така браќата Цикуса во дресот на Барселона ќе играат најмалку до 30 јуни, 2027 година.
Петар ќе остане во каталонскиот гигант во првиот тим, додека Ѓорѓе за поголема минутажа би требало да оди на позајмица на една сезона во Франција, поточно во тимот на Монпелје.
Во тековната сезона од Асобал лигата, Петар на 22 меча даде 44 голови, додека во ЛШ постигна 15 погодоци. Ѓорѓе за 12 меча во Асобал лигата има постигнато 26 гола.
18-годишните момчиња, кои имаат балканско потекло, имаа неколку понуди да заиграат за репрезентациите на Србија и Хрватска, но сепак решија во иднина да го носат дресот на Шпанија.
Тие веќе дебитираа минатата година за сениорската репрезентација на „црвената фурија“.
✍️ 𝐏𝐞𝐭𝐚𝐫 𝐢 𝐃𝐣𝐨𝐫𝐝𝐣𝐞 𝐂𝐢𝐤𝐮𝐬𝐚, 𝐛𝐥𝐚𝐮𝐠𝐫𝐚𝐧𝐞𝐬 𝐟𝐢𝐧𝐬 𝐚𝐥 𝟐𝟎𝟐𝟕
Els germans han signat ja com a jugadors del primer equip, tot i que mantindran fitxa del filial fins al final de la temporada.
Tota la informació: https://t.co/d29yP7S09W pic.twitter.com/9VAlJt6U7I
— Barça Handbol (@FCBhandbol) April 18, 2024