Австрија на СП оди со искусните Божовиќ, Фримел, Вагнер, Живковиќ…

Селекторот на машката репрезентација на Австрија, Алеш Пајовиќ, го објави списокот на играчи за настап на претстојното Светско првенство.

На списокот кај Пајовиќ партиципираат 18 ракометари, а во споредба со претходните првенства, нема изненадувања.

Хендикеп за Австрија ќе биде отсуството на членот на Кил, Никола Билик. Левиот бек поради повреда нема да може да им помогне на своите репрезентативни колеги.

Пајовиќ и за ова ЕП ќе може да смета на екс ракометарот на Металург, Јанко Божовиќ, како и на Себастијан Фримел, Борис Живковиќ, Тобијас Вагнер…

Меѓу 18-те ракометари, повик доби младинскиот репрезентативец Леон Бергман, кој имаше забележителни партии на младинскиот Мундијал во Словенија.

Австрија пред заминувањето во Хрватска ќе настапи на силен турнир во Полска. Освен домаќинот и Австрија, учесници на турнирот ќе бидат уште репрезентациите на Тунис и Јапонија.

Избраниците на Пајовиќ на Светското првенство во групната фаза за ривали ги имаат Кувајт, Катар и моќната Франција.