Атанасијевиќ: Публиката ќе ужива во мечот, а ние ќе играме до крај!

За македонскиот првак Еурофарм Пелистер останува да ги одигра последните две средби од Лигата на шампионите за оваа сезона против ПСЖ дома и Барса на гости.

Левото крило Петар Атанасијевиќ верува дека присутните ќе уживаат во натпреварот и ветува борба до самиот крај.

„Ова за нас е последен домашен натпревар во Лигата на шампионите. Ќе дадеме се од себе и ја повикувам публиката во што е можно поголем број да ужива во натпреварот. Добро се чувствуваме сите, немаме повредени играчи, сите сме во добра хемија и се надевам тоа ќе го префрлиме на терен. Ни следи тежок и напорен меч, но ние ќе играме до крајот“, изјави Атанасијевиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.