Аргентина, Бразил и Чиле доаѓаат во Македонија

По завршувањето на првенството за младинки на Средна и Јужна Америка, познати се уште три селекции што ќе играат на Мундијалот во Македонија. Финалистите Аргентина и Бразил, како и третопласирана репрезентација на Чиле се новите патници на СП.

Во финалето Аргентина го победи Бразил со 28-22, додека Чиле во битката за третиот мундијалски билет славеше против Уругвај со 26-23.

Претходно покрај нашата репрезентација како домаќин, пласман на СП обезбедија 13 европски селекции од младинското ЕП, како и по пет репрезентации од африканското и азиското првенство.

Допрва треба да се одиграат дополнителните европски квалификации, од каде само победникоте меѓу петте учесници ќе обезбеди место на СП, како и интерконтиненталниот ИХФ трофеј во март догодина плус првенството на Северна Америка и Кариби, па да бидат комплетирани учесниците.

Светското првенство во Македонија со 32 селекции ќе се игра од 19 до 30 јуни следната година.