Селекторот на машката сениорска репрезентација на Шведска, Микаел Апелгрен, го објави списокот на играчи за настап на Светското првенство 2025.
На списокот кај Апелгрен партиципираат 18 ракометари, а 13 од нив беа дел од националниот тим на Олимписките игри во Париз.
Апелгрен за Мундијалот ќе смета на искусните Андреас Паличка, Никлас Екберг, Хампус Ване, Џим Готфридсон, Албин Лагерген, Макс Дарј…
Иако минатата година Никлас Екберг најави крај на репрезентативната кариера, сепак, десното крило на Иштад се врати во репрезентацијата.
Меѓу 18 ракометари има двајца дебитанти, тоа се десниот бек Едвин Аспенбек и голманот Фабијан Норстен, кој има одлични партии во данскиот првак Алборг.
Норстен беше резерва на Европското првенство 2022, но не доби шанса да го покаже својот квалитет.
Шведска на Мундијалот за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Шпанија , Чиле и незгодната Јапонија.