Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го намачи ѕвездениот ПСЖ и во последната минута намали на минус еден, иако имаше во текот на мечот минус осум.
Сепак следуваше камбек на битолчани, кои со голот на Манасков намалија на 30-29, но Стеинс погоди во последните секунди за да ја потврди победата на домаќините.
Тренерот на битолчани, Бранко Ангеловски вели дека е горд на тимот и покрај поразот.
„Јас сум горд на мојот тим и за тоа што го направија момците. Се договоривме пред мечот дека ќе дадеме се од себе и ќе се бориме до крајот. Покажавме карактер и квалитет, но искуството го реши натпреварот на крајот. Горди сме да да ја претставуваме Битола“, вели Ангеловски.
Следен предизвик за битолчани ќе биде мечот со Струга в сабота, додека идната среда следува натпреварот со Фуксе Берлин во Лигата на шампионите.
Храбриот Еурофарм Пелистер го намачи ПСЖ, но не направи сензација