Ангелески: Ќе го дадеме максимумот и на последните два меча

Екипата на Прилеп се наоѓа на чекор до задржување на суперлигашкиот статус за следната натпреварувачка сезона.

Тимот предводен од Божидар Мојсов на две кола пред крајот од плеј-аут фазата си има обезбедено најмалку бараж.

Голманот на Прилеп, Иван Ангелески, кој беше избран за МВП на 12. коло во изборот на читателите на 24Ракомет, се надева дека неговиот тим ќе победи на последните два натпревари од плеј-аут фазата.

,,Признанието МВП на 12. коло за мене значи многу и ми дава мотивација за во иднина да бидам уште подобар. Во вториот дел од оваа сезона играме многу подобро за разлика од првиот дел, во кој не успеавме да се пласираме во плеј-офот, но сега сме во добра ситуација и имаме големи шанси да го задржиме суперлигашкиот статус за наредната сезона. Ни преостануваат уште два натпревари, за последни ривали ги имаме Вардар Неготино и Еурофарм Пелистер 2. Ние ќе го дадеме максимумот на двата натпревари, со цел да дојдеме до уште две победи и секако, да го избегнеме баражот”, изјави Ангелески.

Прилеп во 13. коло од плеј-аут фазата ќе гостува кај Вардар Неготино, додека во последното коло на домашен терен ќе се соочи со Еурофарм Пелистер 2.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО13101232
2ПРИЛЕП1291230
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
4ВАРДАР НЕГОТИНО1380524
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1241716
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142

 

МВП НА 12. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ИВАН АНГЕЛЕСКИ (ПРИЛЕП)