Предводничката на тимот на Скопје, Андријана Будимир, претстојното лето ќе биде меѓу тренерите-предавачи на кампот „Никола Портнер и пријателите“
Овој камп наменет за девојки и момци од 12 до 18 години, ќе се одржи во една смена од 1 до 7 јули во хрватскиот град Омиш.
Будимир во моментов со успех го води женскиот тим на Скопје заедно со Валентина Радуловиќ, а работи во младинските машки и женски категории на нејзиниот тим, откако претходно предводеше една квалитетна генерација во младинските категории на Вардар, плус беше на позицијата прв тренер и во машкиот тим на Скопје.
Првата жена селектор на машка репрезентација во Македонија, само една акција беше дел од кадетскиот национален тим, а потоа се посвети на клупската работа. Легендарната ракометарка беше дел од Напредак Крушевац, потоа од Кометал Ѓорче Петров каде ја стекна афирмацијата, како и Шлагелсе, Валенсија и Подравка.
Покрај Будимир, дел од овој камп ќе бидат првата жена со ЕХФ мастер коуч лиценца во Данска, Оливера Кецман, потоа Радивоје Ристановиќ, Александар Брковиќ, како и уште неколку скандинавски тренери што работат во младинските селекции на Данска и Норвешка.