Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик во својата кариера.
Охриѓанецот, кој во месец ноември минатата година од својот матичен клуб се пресели во италијанскиот Трст, се договори со српскиот суперлигаш Врање.
Новиот клуб на Андоновски е предводен од селекторот на младинската репрезентација на Србија, Ѓорѓе Теодоровиќ.
Андоновски во тимот на Трст имаше импресивна статистика, постигна 92 гола на 16 одиграни натпревари во најквалитетното натпреварување во Италија.
Левиот бек, освен за Трст и Охрид, во својата кариера настапуваше и за Прилеп и Вардар Јуниор.
Пред извесен период со Врање потпиша и довчерашниот член на Бутел Скопје, кружниот напаѓач Владимир Јевтиќ.