Tимот на Пелистер активно работи на играчкиот кадар за следната сезона во која можеби одново ќе заигра во суперлигашката конкуренција.
Една од најдобрите ракометарки во клубот, средниот бек Ана Стојчевска, и наредната сезона ќе го носи дресот на битолскиот клуб. Таа минатото лето дојде од Младост Ресен и остави одличен впечаток.
Претходно голманката Ана Марија Горговска потпиша за тимот од Битола, а од Атлетик се врати кружниот напаѓач Алексија Ангелковска. Од клубот замина голманката Симона Спиркоска.
Пелистер иако треба(ше) да игра во Првата лига претстојната сезона, можеби ќе добие шанса за камбек во елитата поради откажувањето на Астибо, а за тоа допрва треба да одлучи РФМ.
























