Алжир подобар од Македонија на Медитеранските игри

Женската репрезентација на Македонија го запиша третиот пораз во третиот натпревар на Медитеранските игри во Таранто.

Алжир беше подобар од комбинираната селекција кадетки и младинки на Македонија и славеше со 37-23.

По стартните 5-5, ривалот се одлепи на плус пет, 10-5 и тогаш беше решен победникот. На паузата Алжир водеше со 20-11, а вториот дел беше само одработен рутински.

Најдобри стрелци кај Македонија беа Миленкоска со шест и Павичевиќ со четири гола, а голманките Миноска и Гошевска комбинираа десет одбрани.

За Македонија остануваат уште пресметките со домаќинот Италија и Косово на 28 и 30 август, како и мечот за пласман на 2 септември.