Foto: Franziska Gora/Jan Huebner

Се поделија Супер Куп трофеи во Германија, Португалија, Романија…

Магдебург славеше убедливо против Фуксе Берлин со 38-31 и го освои Супер Куп трофејот во Германија.

Иако се очекуваше поизрамнета битка меѓу двете во моментов можеби најдобри германски екипи, сепак бундес првакот запиша импресивна победа.

Спортинг Лисабон се израдува на трофеј во Супер Купот на Португалија, што беше четврти по ред за тимот од Лисабон.

Избраниците на Рикардо Кошта славеа против Бенфика со 31-24, а во еден момент водеа и со 13 голови разлика.

Покрај во Германија и Португалија, Супер Куп се одигра и во Романија, каде петти пат по ред славеше Динамо Букурешт.

Момците на Пауло Переира го победија составот на Бузау со 33-25, а лидер беше Бранко Вујовиќ со седум погодоци.