Ѓорче Петров дебитира во Регионалната лига – прва станица е Ниш

Откако на почетокот на август стартуваа натпреварите од групата А кај дамите во Регионалната лига, денеска ќе стартуваат и средбите од групата Б, каде што се македонските екипи Ѓорче Петров и Чаир.

Шампионот Ѓорче Петров првиот предизвик ќе го има на гостински терен кај српскиот тим Наиса Ниш – средба од тратата рунда, која што ќе се игра порано, односно денеска во салата „Чаир“ во Ниш.

„Лавиците“ донесоа многу нови ракометарки, а колку тие се вклопуваат во системот на новиот стратег Славиша Димитријески, ќе покаже денешниот меч.

Наиса Ниш е вицепрвак на Србија и ќе биде добар тест за ѓорчепетровки пред стартот на новата сезона во Супер лигата и во Лигата на Европа.

Вториот претставник од Македонија, Чаир, својот прв натпревар би требало да го има на 5 септември на гостување кај српскиот Бор.