Петте македонски репрезентативки – Maрија Гугуљанова, Ивана Гакидова, Ивана Арсениевска, Јована Кипријановска и Драгана Петковска, играа меѓусебе на меморијалниот турнир „Криштоф Казимиерски“ во Полска.
Во првото полуфинале, домаќинот на турнирот Пјотрковија, каде што игра Гугуљанова, славеше над Калиш на Петковска и Гакидова со 37-22.
Во вториот полуфинален меч, Старт Елблаг каде што играат Кипријановска и Арсениевска славеше со 38-37 над Гливице.
Во битката за трофејот, Старт Елблаг го победи домашниот тим на Пјотрковија со убедливи 35-29.
























