Три македонски екипи денеска со нови предивици во Регионалната лига

Денеска на програмата се на три средби од второто коло во Регионалната лига, а во трите меча активни ќе бидат македонските екипи.

Вардар го одложи мечот со Динамо Панчево, но на терен ќе бидат Еурофарм Пелисте,р Охрид и тимот од Автокоманда.

Пелистерци по стартниот убедлив триумф против српскиот шампион Партизан, денеска го имаат вториот предизвик – во Битола гостува црногорскиот првак Ловќен. Мечот се игра од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Од 19:00 часот се играат две средби. Охрид, кој ги освои трофеите на турнирите во Струга и во Охрид, го игра вториот меч и гостува кај амбициозната Будавнска Ривиера во Будва.

Лино Червар на претходниот меч не ги откри сите адути на неговиот тим, а дали и вечерва ќе се потпре на истите сили останува да видиме. Охриѓани имаа напорен период, ги чека исто таков, па стратегот Борис Ројевиќ ќе комбинира со ростерот на следните две средби пред Супер Куп пресметката против Вардар.

Во Автокоманда, ракометарите на Кирил Лазаров ќе го пречекаат српскиот Партизан на Раул Гонзалес, кој ќе бара рехабилитација за поразот во Битола.