Македонската репрезентативка Марија Јанкуловска ќе биде надвор од терените во следните неколку недели поради повреда на раката.
Јанкуловска се повреди за време на пријателскиот натпревар на Париз против Стела Сен Мор, по што ќе мора да паузира во претстојниот период.
Од францускиот клуб потврдија дека нивната ракометарка ќе биде отсутна неколку недели, но среќа во несреќа е што се работи за дланката на нешутерската рака.
Таа најверојатно ќе го пропушти претстојниот „Трофеј Македонија“ во септември, чиј термин се поклопува со времето за нејзин камбек на терените, па селекторот Игор Марковиќ нема да смета на битолчанката.
Јанкуловска ќе го пропушти и стартот на новата сезона на францускиот шампионат и ќе мора да почека за дебито на официјален натпревар за Париз.
























