Тиквеш се раздели со Французинот Абдула – доаѓаат двајца странци

Тимот на Тиквеш реши да се раздели со францускиот десен бек Шамал Абдула, по само неколку недели откако се приклучи на подготовките.

Неговите партии на пријателските натпревари очигледно не го задоволија раководството на кавадарчани, па веднаш ќе се побара друга опција.

Според информациите на 24Ракомет, во Кавадарци наскоро треба да пристигне нов десен бек – и тоа странец, а активно се работи и на засилување на пикерската позиција, исто така надвор од Македонија.

Претходно кавадарчани ги засилија своите редови со голманот Бојан Солев, потоа кружниот напаѓач Борјан Цековски, како и бековите Томислав Димковски, Тоше Ончев и Мохамед Бен Махфуд.

Тиквеш ќе биде активен на домашна, но и на меѓународна сцена каде во ЕХФ Европскиот Куп ќе се соочи со Еш од Луксембург.

Минатиот викенд кавадарчани играа во финалето на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ и го освоија второто место по поразот од домаќинот Прилеп.

 

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________