Алборг со само 11 ракометари го растури ГОГ Гудме!

Иако во ростерот имаше само 11 ракометари, тимот на Алборг го доби дербито во данскиот шампионат против ГОГ Гудме, 33-23.

Двата тима во различно расположение го дочекаа дербито – ГОГ по триумфот над Веспрем, а Алборг по убедливиот пораз кај ПИК Сегед.

Првиот дел беше неизвесен и Алборг водеше само со еден гол, 14-13, но во второто полувреме и покрај краткиот ростер, убедливо го надигра големиот ривал.

Најдобри стрелци кај Алборг беа Хоксер со девет и Хансен со осум гола, додека најдобри кај ГОГ беа Блонц, Мадсен и Педерсен со по четири погодоци.

Алборг сега е единствен на максимум со шест од шест и се наоѓа на првото место на табелата со 12 бода, додека ГОГ Гудме е седми со само две победи.