Алборг и Келце си ги поделија бодовите

Екипите на Алборг и Келце одиграа без победник 25:25 во натпревар од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Одлична партија во дресот на Алборг имасе Мадс Хоксер, постигна дури 12 погодоци, додека во тимот на Келце се истакна Алекс Душебаев со осум реализации.

За двете екипи денешниот дуел немаше никакво резултатско значење, бидејќи Алборг обезбеди директен пласман во четвртфиналето од европската елита.

Келце ќе продолжи во осминафиналето во Лигата на шампионите и ќе се обиде да стигне до четвртфиналето.

Овие две екипи беа ривали на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во рамки од групата А.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140