Тимот на Аеродром, кој во следната сезона ќе биде дел од прволигашката конкуренција, објави дека се потпишани договори со уште двајца млади ракометари.
Во тимот за следната сезона се приклучуваат уште двајца играчи од редовите на Голден Арт – Александар Симоновски, кој игра на позицијата пивот и Теодор Ѓуриќ, кој игра на позицијата лев бек.
Аеродромци неодамна објавија дека потпишаа договори со четворица кадети – Марко Николов, Бошко Ѓорѓиевски, Даријан Костадиновски и Лазар Гулевски, кои од септември ќе имаат можност да се пробаат и во сениорска конкуренција.
Претходно тимот предводен од Дарко Петровски се договори и со Огнен Макалоски, Иво Петровски, Иван Ќурчиев, Стефан Ристоски, Виктор Панчевски, Виктор Наков, Димитар Босилковски и Благоја Зафировски.