Тимот на Аеродром, кој во следната сезона ќе биде дел од прволигашката конкуренција, објави дека се потпишани договори со уште двајца млади ракометари.
Станува збор за Димитар Босилковски и Виктор Наков, кои ги покриваат бековските позиции, а доаѓаат од составот на Голден Арт.
Аеродромци неодамна објавија дека потпишаа договори со тројца кадети – Марко Николов, Бошко Ѓорѓиевски и Лазар Гулевски, кои од септември ќе имаат можност да се пробаат и во сениорска конкуренција.
Претходно тимот предводен од Дарко Петровски се договори и со Иво Петровски, Иван Ќурчиев, Стефан Ристоски, Виктор Панчевски и Благоја Зафировски.
Од Аеродром најавија и нови млади лица, кои ќе бидат промовирани следниот период и ќе ги бијат прволигашките битки.