Ацевски: Пресуди нашата борбеност во вториот дел

Екипата на Прилеп во натпревар од 12. коло од Супер лигата триумфираше против дебитантот од Автокоманда со 34:31.

За Прилеп денешната победа против дебитантот беше трет сезонски триумф, односно трета домашна победа.

Голманот на Прилеп, Давид Ацевски, ги истакна своите импресии по добиената битка против „сино-белите“.

,,Овој меч беше навистина неизвесен, со многу пресврти, но одличија неколку ситници, но и нашата борбеност во вториот дел.  И покрај тоа што губевме во одредени периоди во натпреварот, сепак, не престанавме да се бодриме меѓу себе и дефинитивно за оваа победа пресуди одбраната во вториот дел, во овој период моите соиграчи беа на ниво и со помош на голманот Иван Ангелески успеавме да се израдуваме на три бода и трета победа во оваа сезона”, изјави Ацевски.

Избраниците на Божидар Мојсов во 13. коло ќе гостуваат во Скопје кај Голден Арт, додека во последното коло од регуларниот дел го пречекуваат актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер.

Прилеп му се реваншира на дебитантот, стигна до трет сезонски триумф