Прилеп му се реваншира на дебитантот, стигна до трет сезонски триумф

Ракометарите на Прилеп се израдуваа на третата сезонска победа во суперлигашката конкуренција, откако на свој терен го совладаа дебитантот од Автокоманда со 34:31 во натпревар од 12. коло. Натпреварот беше проследен со многу изедначувања, пресвети и подеми и падови на двете екипи, кои се во трка за подобар пласман во Б групата, се со цел да пренесат што е можно повеќе бодови во битката за опстанок, која ќе стартува во вториот дел од сезоната. Домаќинот со денешната победа излезе од резултатската криза и му се реваншира на дебитантот за поразот во Скопје од 31:30.

Прилеп во последните две кола ќе игра против екипите на Голден Арт и Еурофарм Пелистер и во дуелот со „градежниците“ ќе се обиде да ја оствари првата гостинска победа. Мулти Есенс за последни два ривали од регуларниот дел од сезоната ги има Вардар и Вардар Неготино.

Во првото полувреме се играше динамично, со многу голови на двете страни, па така во првите 30 минути беа постигнати вкупно 35 гола. Тимот предводен од Божидар Мојсов имаше посакуван старт, поведе со 4:1 во воведните пет минути и цврстата одбрана на домаќините овозможи уште од самиот почетокот гостите да влезат во серија грешки, кои не беа целосно казнати.

Прилепчани стекнатата предност ја диктираа до средината на првиот дел, водеа со два до три гола разлика, но поради кратката ротација дојде до пад во играта на домаќинот. Гостите од Скопје во 15 минута направија камбек и дадоја до знаење дека во Прилеп се дојдени по освојување на три бода. По предноста на Прилеп од 9:7, дебитантот преку расположениот Димевски направи пресврт и во 18 минута поведе со 10:9. Од тој момент, па до крајот на полувремето, избраниците на Марковски беа во предност. Домаќинот откако имаше негатива од 16:13, кон финишот на првиот дел успеа за момент да намали на 16:15, но гостинот на пауза замина со 19:16.

Екипата на Прилеп со непогрешливиот Шабановиќ за неколку минити игра во вториот дел израмни на 21:21, потоа ја презеде контролата, најпрво поведе со 22:21, потоа дојде и до 23:21. Голема заслуга за пресвртот на домаќините имаше голманот Иван Ангелески кој влезе во ритам и запре неколку удари на гостите. Серијата на тимот на Мојсов продолжи, левиот бек Цветаноски погоди за 24:21 и тоа беше знак за дебитантот дека ќе мора да го даде максимумот.

Дебитантот не се предаваше, во 50 минута израмни на 26:26, но тоа беше последниот обид да направи нешто повеќе, бидејќи по нерешените 28:28, домаќините врзаа два гола во низа, се одлепија на 30:28 и тука завршија сите надежи на гостинот од Автокоманда.

Најефикасни во составот на Прилеп беа Владан Кастратовиќ и Пеце Рајатоски со по седум погодоци, шест постигна Денис Шабановиќ, по четири реализации запишаа Христи Бикоски, Никола Цветаноски и Томислав Квастек. Кај гостите најефикасен беше Давид Димевски со осум погодоци, по седум постигнаа Божидар Илиески и Мартин Димoвски.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126