Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ремизираше против Фредериција, 29:29, во натпревар од 8. коло од Лигата на шампионите.
Избраниците на Алонсо имаа напад за два бода, но гостите се одбранија во финишот од средбата.
Искусниот Илија Аутовиќ ги истакна своите импресии по освоениот бод против данскиот вицепрвак.
,,Знаевме дека ќе биде потешко од првиот натпревар. Фредериција е добра екипа, игра добар ракомет. Сите навивачи очекуваа победа, ама не треба ние да се разочаруваме. Пред три дена почнавме да градиме нешто ново, секој бод е важен во Лига на шампиони. Ние направивме многу со ова реми. Благодарност до публиката, сега ние се насочуваме кон следните натпревари. Веќе в сабота нè чека следниот меч, а потоа доаѓа и Веспрем на гости“, изјави Абутовиќ.
Еурофарм Пелистер во следното коло од европската елита гостува кај европскиот гигант Веспрем.
Еурофарм Пелистер освои нов бод – драмата со Фредериција заврши реми
Алонсо: Кога не ги искористивме шансите за победа, добар е и бодот