Aко СЕХА лигата не почне наскоро, во Еурофарм Пелистер има план Б

Ракометарите на Еурофарм Пелистер продолжуваат со тренинзи и подготовка за новата сезона, но уште немаат официјален натпревар и се во исчекување. Спорд календарот тоа најверојатно ќе се случи за еден месец кога ќе стартува групната фаза во Лигата на Европа.

Засега нема вести кога би се играле средби од СЕХА лигата така што останува да се види што ќе се случува во следниот период.

„Во однос на другите тимови кои ќе играат во Лигата на Европа ќе бидеме во една незавидна ситуација бидејќи ние дотогаш ќе немаме официјална средба, ќе немаме вистински стрес ситуации на терен кои секогаш се потребни. Јас би сакал СЕХА лигата да стартува што е можно порано, но засега нема информација кога би можело да се случи тоа. Ова ќе биде на некој начин хендикеп. Доколку немаме можност да играме такви натпревари јас како тренер ќе мора да најдам одредена солуција“, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ за 24 Ракомет.

Комплетното интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.