Мркиќ му даде десет гола на шампионот Салерно

Тимот на Гереире Мало, каде што настапува македонската интернационалка Савица Мркиќ, го доживеа четвртиот пораз во италијанскиот шампионат.

Гереире Мало загуби на гостувањето кај шампионот Јоми Салерно со убедливи 30-17, а по првиот дел беше 18-6.

Мркиќ постигна десет погодици за поразената екипа или повеќе од половина, но немаше поддршка од своите колешки.

Гереире Мало досега одигра само шест меча во италијанското првенство поради коронавирусот, и забележа две победи и четири порази.