Моника Јанеска одигра за „десетка“ против Сивас

Македонската интернационалка, Моника Јанеска од натпревар во натпревар прикажува се подобри игри во турскиот шампионат. Нејзиниот тим Коњалти беше убедлив на свој терен против Сивас со 36:28. На полувреме резултатот беше 18:12 за составот на Коњалти.

Уште еден одличен натпревар во низа имаше Јанеска. Во мрежата на противникот, таа успеа да постигне 10 гола. Своја поддршка во играта имаше од нејзината колешка, Александра Саникова која постигна 5 гола.

Со победата над Сивас, Коњалти ги задржа шансите за пласман на петтата позиција на табелата која води на европска сцена. Моментално тимот на Јанеска се наоѓа на осмото место на табелата со 18 бодови.

Во следното коло Коњалти игра против Јаликавак на гостински терен. Натпреварот е закажан за в недела со почеток од 12:30 часот.