Битолчани прашуваат: Зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер го објави писмото што беше испратено до натпреварувачката комисија во РФМ за случувањата на дербито со Вардар.

Битолчани посочуваат и ги наведоа сите пропусти што ги имаше на дуелот во неделата во СЦ „Јане Сандански“

Во дописот до РФМ, од Еурофарм Пелистер прашуваат зошто натпреварот не беше прекинат или трибините не беа испразнети.

Вардар славеше со 31-24 на првата пресметка, а втората ќе се одигра на 6 или 7 мај во „Боро Чурлевски“ во Битола.

Дописот на битолчани до РФМ ви го пренесуваме во целост.