Андреј Петковски ја продолжи одличната форма во Чешка

Македонскиот чувар на мрежата Андреј Петковски ја продолжи одличната форма во чешкиот шампионат.

Иако неговиот тим Плзен загуби на гостувањето кај Брно со 35-31, Петковски одново беше на ниво и меѓу најдобрите поединци.

Тој успеа да запре 11 удари на противничките ракометари, но немаше голема поддршка од соиграчите, па Плзен го запиша првиот сезонски пораз.

Сега тимот на Петковски е втор на табелата со 11 бода, зад Карвина која има 12, а во следното коло ќе има лесна задача на домашен терен против составот на Копривнице.