Екипите на ПИК Сегед и Спортинг одиграа драматичен натпревар во Лигата на шампионите, кој заврши без победник, 35-35. Унгарскиот тим се врати од негатива од шест гола и во самиот финиш успеа да освои бод против португалскиот состав. Во фокусот на домашниот состав беа Марио Шоштариќ и Дмитро Горига.
Спортинг подобро го отвори натпреварот и предводен од браќата Кошта, гостите во еден момент имаа предност од 14-11. Сепак, Марио Шоштариќ го предводеше одговорот на Сегед, па на паузата резултатот беше израмнет на 16-16.
Во второто полувреме Спортинг повторно наметна силно темпо и полека ја зголемуваше предноста. Во 49. минута португалскиот тим водеше со 28-23, а набргу потоа имаше и пет гола предност при резултат 29-24.
Но, Сегед не се предаде. Шоштариќ постигна четири гола во серијата од 7-3 со која домаќините повторно се вратија во натпреварот. Род израмни на 32-32, по што следуваше неизвесна завршница во која двете екипи се менуваа во водство.
Јан Гури му донесе предност од 35-34 на Спортинг на помалку од една минута до крајот, но Дмитро Горига погоди 14 секунди пред последниот свиреж за конечни 35-35 и големо славје на домаќините по освоениот бод.
Најефикасен во редовите на ПИК Сегед беше Марио Шоштариќ со 11 гола, Дмитро Горига даде четиири, додека Франциско Кошта постигна осум погодоци, а Мартим Кошта еден помалку за Спортинг Лисабон.

























