Најавата на Иван Чупиќ дека Вардар ќе игра против една од најдобрите одбрани во лигата на шампионите дојде до израз уште од самиот почеток на дуелот против Висла Плоцк. Полјаците на полувреме во Скопје имаат предност од 15-13, а Вардар се обидува да се врати во игра и ја намали разликата.
Висла Плоцк силно го отвори гостувањето кај Вардар во третото коло од Лигата на шампионите. Гостите ги постигнаа првите три гола во „Јане Сандански“, додека Јака Малус во петтата минута го прекина почетниот налет на полскиот тим. Првите три напади на Вардар ги одбрани гостинскиот голман Миљан Вујовиќ, а неговите соиграчите сето тоа го капитализираа.
Полскиот тим поведе со 3-0, а во 15. минута имаше и шест гола предност, 12-6. Вардар постепено влезе во ритам и во 21. минута намали на 9-13. По водството на Висла од 6-2, тренерот Иван Чупиќ побара тајм-аут во деветтата минута. Гостите продолжија да ја одржуваат предноста и поведоа со 8-3, а во 15. минута стигнаа до највисоки 11-5.
Вардар потоа почна да ја намалува разликата. Со головите на Малус, Жоао Педро да Силва и Матео Фадуил, црвено-црните во 21. минута дојдоа до 9-13. Полека Вардар ја намалуваше негативата, но тешко одеше бидејќи полјаците играат и цврсто и брзо, и прецизно. Се сменија голманите, па Гогов застана меѓу стативите. „Црвено-црните“ стигнаа до 14-12 во 27 минута од првото полувреме, преку пеналот на Матео Фадуил.
Под пасивна игра Полјаците се изборија за пенал, а Бјере погоди за ново водство, 15-12. Јака Малус погоди за 15-13, па иако Полјаците го имаа последниот напад, останаа разликата од два гола во корист на Висла.
Матео Фадуил со 6 гола е најефикасен на полувреме кај двата тима, а Јака Малус даде 4 за Вардар. Кај гостите Бјере и Косоротов дадао по 5 гола
▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон 📲.
Со еден клик до сите вести. 🤾

























