ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер со домашна обврска, прволигашки меч во Гевгелија

Меѓу двата натпревари во Лигата на Европа со Вибжеже Гдањск, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги чека домашна обврска.

Денеска од 17:30 часот во салата „Боро Чурлевски“, пелистерци ќе го пречекаат составот на Куманово, за кој ова е второ гостување во Битола во шест дена, откако минатата недела играше против Еурофарм Пелистер 2.

На домашна сцена се игра прволигашки натпревар во Гевгелија, каде тимот на Партизан ќе го пречека Шампион.

Свои настапи низ домашните првенства ќе имаат Дарко Димитриевски со шпанскиот Аликанте, Михајло Младеновиќ со францускиот Кретеј и Пена Граматова со српската Војводина.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

17:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ВОЈВОДИНА – НАПРЕДАК КРУШЕВАЦ (СРБИЈА)
19:00 ПУЕРТО САГУНТО – АЛИКАНТЕ (ШПАНИЈА)
20:00 КРЕТЕЈ – ШЕРБУР (ФРАНЦИЈА)