Новиот тим на македонската женска ракометна сцена, Струга, ја запиша третата победа во прволигашката конкуренција.
По славјето против Јехона и Гевгелија Југ, младите ракометарки на Струга триумфираа и на гости кај Шампион со 24-16.
По првиот дел гостинките водеа со 10-7, а во второто полувреме комплетно го надиграа противникот за убедлива победа.
Најдобри стрелци кај Струга беа Матеа Димитроска со седум и Леа Пејоска со шест погодоци, а Бојана Божиновска даде четири гола за Шампион.
Во следното коло избраничките на Владимир Паноски и Теодора Гулицоска ќе бидат на испит во Свети Николе, каде ќе се соочат со Овче Поле СУ.

























