Поповски ефикасен против Берн

Тимот на Сур Арау, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, загуби на гостувањето кај Берн.

Сур Арау беше поразен на гостинскиот натпревар со 27-26 во натпревар од 8 коло во швајцарскиот шампионат.

Поповски беше меѓу најдобрите во тимот што загуби и успеа да постигне пет погодоци во противничката мрежа.

Сур Арау се наоѓа на седмото место со три победи и пет порази, а во следното коло ќе игра дома со шампионот Криенс Луцерн.