Потврдени термините за евро-двомечот на шампионот Ѓорче Петров

Европската ракометна федерација ги потврди термините и саатниците за натпреварите од второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Македонскиот шампион ќе се соочи со чешкиот тим Бањик Мост, а веќе се закажани двата меча во Скопје и во Мост.

Првиот меч ќе се игра на 4 октомври, в недела, во малата сала на „Јане Сандански“ со почеток од 19:00 часот.

Претходно „лавиците“ на 1 октомври ќе го одиграат мечот со Атлетик од домашното првенство што ќе биде последен тест пред европскиот настап.

Реванш средбата по која ќе биде познат патникот во третото квалификациско коло е на програмата на 10 октомври со почеток од 18:00 часот во Мост.