Познати арбитрите за европскиот двомеч на вардарки

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во ЕХФ Купот.

Ракометарките на Вардар ги очекува двомеч со тимот на Бриксен, а двете средби ќе се играат на гостински терен во Италија во салата „Паласпорт Бресаноне“.

Натпреварите ќе ги судат Софија Јанц и Росана Суг од Германија, додека делегат ќе бидат Австриецот Герхард Рајзингер.

Првиот натпревар меѓу Бриксен и Вардар е на програмата на 2 октомври од 19:00 часот, додека на 3 октомври е реванш средбата во 18:00 часот.