Женската репрезентација на Хрватска ги започна подготовките за ЕП 2026, кое од 3 до 20 декември ќе се одржи во Полска, Чешка, Словачка, Романија и Турција, a прва станица е Охрид и настапот на „Трофеј Македонија“.
Ќе бидат одиграни три меча во три дена, а покрај домаќинот Македонија на турнирот во Охрид ќе настапат Србија и Црна Гора.
Турнирот во Охрид ќе биде одлична можност за селекторот Ивица Обрван да ја провери моменталната форма на репрезентативките, но и да им даде шанса на неколку нови имиња.
На списокот од 21 ракометарка се најдоа младите Ивана Фратник од Подравка и Антеа Јерковиќ од Далматинка, како и поискусните Сара Саблиќ од Баја Маре и Лара Брезенци од Хипо, додека останатиот дел од националниот тим е стандардниот. Тука се капитенот Катарина Јежиќ, искусните Ивана Капитановиќ на голот, потоа бековите Дејана Милосављевиќ, Тена Петика, Кристина Пркачин…
Од списокот поради приватни причини отсуствуваат Тина Баришиќ и Катарина Павловиќ, а на нивно место се повикани Фратник и Брезенци.
Хрватска на Европското првенство ќе игра во групата Д, заедно со домаќинот Чешка, Холандија и Австрија.
СПИСОК НА ХРВАТСКА:
Луција Бешен – Подравка
Петра Мариновиќ – Подравка
Ивана Капитановиќ – Баја Маре (Романија)
Андреа Шимара – Подравка
Катја Вуковиќ – Подравка
Лара Буриќ – Дунајска Стреда (Словачка)
Кала Косовац – Подравка
Миа Бркиќ – Подравка
Сара Шенвалд – Подравка
Катарина Јежиќ – Дунареа Браила (Романија)
Ивана Фратник – Подравка
Ива Буле – Локомотива Загреб
Сара Саблиќ – Баја Маре (Романија)
Тена Петика – Зрински
Кристина Пркачин – Локомотива Загреб
Дејана Милосављевиќ – Подравка
Ива Зрилиќ – Локомотива Загреб
Антеа Јерковиќ – Далматинка
Клара Биртиќ – Подравка
Хана Вуљак – Будуќност (Црна Гора)
Лаура Брезенци – Хипо (Австрија)
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.


























