Македонскиот првак Вардар денеска го игра вториот натпревар од Лигата на шампионите, а во Скопје гостува францускиот Нант.
Тренерот на францускиот состав, Грегори Кожан, вели дека неговиот тим ќе игра без калкулации и дека ќе оди на победа во Скопје.
„Мораме да ја согледаме ситуацијата од вистинската перспектива. Очекуваме мотивиран и разигран тим кој ќе игра на домашен терен. Ќе мора да играме со голема смиреност. Вардар е многу цврст тим, со одбрана која е исклучително пожртвувана и агресивна. Во оваа фаза нема потреба од никакви калкулации. Сакаме да победиме.“
Натпреварот меѓу Вардар и Нант се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ од 18:45 часот.
























