Шампионот се прошета низ Прилеп

Шампионот Ѓорче Петров забележа убедлива победа над Деспина со 44-18 во рамки на второто коло од Супер женската лига.

Гостинките уште во првото полувреме ја најавија победата, кога на пауза заминаа со предност од 22-11. Во вториот дел избраничките на Славиша Димитријески продолжија во ист ритам и постигнаа уште 22 гола, додека Деспина успеа да постигне само седум.

Најефикасна во победничкиот состав беше Емилијана Ризоска со десет гола, додека Ана Марија Коларовска постигна осум. Кристина Наумовска додаде седум погодоци, а по пет имаа Ана Вранчиќ и Армина Исиќ.

Кај Деспина, Весна Христоска беше најдобар стрелец со четири гола, додека по три постигнаа Матеа Христоска, Ана Марковиќ и Мери Гичева.