Џатевска ефикасна – Сомбатељ до реми кај нејзиниот екс клуб

Тимот на Сомбатељ, каде што игра македонската репрезентативка Ивана Џатевска, одигра нерешено со Кишварда, 29-29.

Во натпреварот од 2 коло во унгарскиот шампионат, Сомбатељ успеа да извлече бод, иако беше во негатива на паузата од 16-14 на гости кај екс тимот на Џатевска.

Македонската репрезентативка беше втор стрелец кај гостинките и успеа да постигне шест погодоци во противничката мрежа.

Сомбатељ и Џатевска во следното коло на домашен терен против Мошонмаѓаровар ќе имаат шанса за прв триумф во новата сезона.

▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.