Вардар пружи голем отпор на гостувањето кај Мелсунген, имаше свои прилики што не ги искористи и на крајот загуби со 33-31 во првото коло од Лигата на шампионите.
Тренерот на бундеслигашот, кој своевремено седеше на клупата на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, е задоволен од изданието на својот тим.
„Ова беше одличен настап на мојот тим против исклучително тежок противник. Тоа е Лигата на шампионите – сите екипи се многу квалитетни и воопшто не е лесно да се победи. Но, ова беше само првиот натпревар и ќе ни бидат потребни уште многу вакви изданија доколку сакаме да се пласираме во следната рунда“, изјави Парондо.
Следен предизвик за Мелсунген и Парондо ќе биде тешкото гостување кај полскиот вицепрвак Висла Плоцк.
























