Андреа Илиќ и Плзен обезбедија осминафинале во Купот на Чешка

Тимот на Плзен, каде што брани македонската голманка Андреа Илиќ, обезбеди место во осминафиналето на Купот на Чешка.

Плзен славеше без никакви проблеми на гостувањето кај Локо Чешке Будејовице со 34-16, а на паузата беше 18-8.

Ол-стар голманката од Супер женската лига во изборот на 24Ракомет, Илиќ, од ова лето го има првиот интернационален предизвик во играчката кариера во Чешка.

Илиќ и Плзен во осминафиналето на Купот на Чешка кон крајот на месецов за ривал ќе добијат некој од следниве тимови – Славија Прага, Бањик Мост, Поруба…