Македонскиот десен бек Михаил Иваноски е избран за играч на колото во словенечкиот шампионат.
Тој беше меѓу творците на победата на Горење Велење против Ајдовшчина со 34-27 и успеа да постигне седум погодоци во противничката мрежа.
Тоа беше доволно да најде место меѓу најдобрите заедно со Аљуш Анжиќ од Целје, Клемен Ферлин од Слован Љубљана, Ловро Вишчек од Тримо и Алеш Земљиќ од Ормож и Матевж Загар од Крка.
Гласањето беше отворено до денеска, а навивачите го избраа токму Иваноски за МВП на колото.
























