Ракометарите на Вардар денеска го играат првиот натпревар од новата сезона во Лигата шампионите на гостински терен кај Мелсунген, предводен од некогашниот стратег на „црвено-црните“, Роберто Гарсија Парондо.
Мелсунген минатата сезона двапати загуби од Вардар, а „црвено-црниот“ тим и сега оди со победничка мисла во „Ротенбах Хале“ во мечот што стартува од 20:45 часот.
Вардар ќе биде ослабен на гостувањето во Касел, па тренерот Иван Чупиќ ќе мора да комбинира со составот за оваа пресметка. Нема да игра десниот бек Урош Митровиќ, кој е суспендиран четири меча по црвениот и син картон минатата сезона против Монпелје.
Роберто Парондо би требало да смета на сиот расположив кадар, кој во досегашните три кола од Бундес лигата има победа, реми и пораз. Мелсунген загуби кај Фуксе Берлин, ремизираше со Гумерсбах, а го победи убедливо Гепинген.
Покрај средбата во Касел, вечерва во Лигата на шампионите ќе се играа уште четири средби во Букурешт, Сегед, Белград и Лисабон.
Во Бундес лигата, Мартин Томовски и неговиот тим Битигхајм ќе гостуваат кај Ајзенах.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ДИНАМО БУКУРЕШТ – МОНПЕЛЈЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ПИК СЕГЕД – КРИСТИЈАНШТАД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ПАРТИЗАН – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:00 АЈЗЕНАХ – БИТИГХАЈМ (ГЕРМАНИЈА)
20:45 МЕЛСУНГЕН – ВАРДАР (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 СПОРТИНГ ЛИСАБОН – ГОГ ГУДМЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

























