Вардар има позитивна традиција против сите ривали – седум победи и двапати реми на 12 меча

Вардар денеска ја отвора новата сезона во Лигата на шампионите со гостување кај бундеслигашот Мелсунген, а во групата се уште Нант и Висла Плоцк.

Францускиот тим со гол по истекот на времето од пенал го победи полскиот првак Висла Плоцк со 26-25, па ако се суди по првиот меч од оваа група, тогаш не очекуваат многу возбудувања.

Вардар со сите три ривали има позитивна традиција на меѓусебни натпревари.

Против Мелсунген досега има одиграно четири средби, а има запишано три победи, од кои една на гостински терен токму во салата каде што ќе се игра натпреварот денеска.

Против Нант, Вардар одигра два меча во најелитната коннкуренција и има еден минимален пораз на гостински терен.

Против Висла Плоцк, македонскиот првак има одиграно шест натпревари, а има запишано три победи, две реми средби и само еден пораз.

Вардарци денеска ќе играат во „Ротенбах Хале“ во Касел против Мелсунген петти пат меѓусебе, додека прв гостин во Скопје идната недела ќе биде францускиот Нант.

НАНТ

23.09.2017, Вардар – Нант, Лига на шампиони 27:23 (14:10)
25.02.2018, Нант – Вардар, Лига на шампиони 27:26 (18:12)

МЕЛСУНГЕН

15.10.2024, Мелсунген – Вардар, Лига на Европа 34:18 (17:10)
26.11.2024, Вардар – Мелсунген, Лига на Европа 32:30 (17:17)
24.02.2026, Вардар – Мелсунген, Лига на Европа 37:33 (18:19)
10.03.2026, Мелсунген – Вардар, Лига на Европа 25:34 (12:17)

ВИСЛА ПЛОЦК

14.03.2015, Висла Плоцк – Вардар, Лига на шампиони 32:26 (14:12)
21.03.2015, Вардар – Висла Плоцк, Лига на шампиони 31:20 (14:10)
16.03.2016, Висла Плоцк – Вардар, Лига на шампиони 30:30 (16:14)
26.03.2016, Вардар – Висла Плоцк, Лига на шампиони 25:24 (13:15)
17.09.2017, Висла Плоцк – Вардар, Лига на шампиони 22:26 (9:13)
04.03.2018, Вардар – Висла Плоцк, Лига на шампиони 31:31 (16:16)