Мартин Томовски ги остави зад себе Волф, Буриќ, Паласич, Ебнер…

По три одиграни кола во Бундес лигата, македонскиот голман Мартин Томовски е број 2 според бројот на одбранети удари.

Тој има вкупно 34 одбрани, за една помалку од Давид Шпет, голманот на Рајн Некар Левен кој е лидер на табелатта.

Томовски имаше 15 одбрани на стартот против Вецлар, против Кил одбрани 12 удари, а на последниот меч со Лемго, кој Битигхајм го загуби со 36-29, фати седум топки.

Македонскиот чувар на мрежата зад себе ги остави Волф, Буриќ, Гаде, Мелер, Ебнер, Раверсберген, Де Варгас…кои се на листата од 3 до 20 место.