Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите.
Вардар ќе гостува кај бундеслигашот Мелсунген во првото коло, а ЕХФ за таа средба одреди судии од Данска.
Станува збор за позната двојка Мадс Хансен и Јеспер Мадсен, кои не се омилени во Македонија.
Хансен и Мадсен го навлекоа гневот кај македонската јавност по арбитражата на дуелот меѓу нашата репрезентација и Холандија на СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.
Делегат на натпреварот ќе биде Швајцарецот Нагел.
Мечот меѓу Мелсунген и Вардар ќе се игра на 10 септември во „Ротенбах Хале“ во Касел со почеток од 20:45 часот.
























