Шпанскиот голман Сергеј Ернандез и исландскиот среден бек Јанус Дади Смарасон и официјално беа претставени како нови ракометари на Барселона.
Чуварот на мрежата Ернандез не го криеше воодушевувањето од трансферот во каталонскиот гигант.
„Привилегија е да го бранам голот на овој клуб. Тоа е сон за секој ракометар во светот.“
Новиот голман на Барса откри и интересен детал – неговото официјално професионално деби се случило токму во „Палау Блауграна“, но тогаш како голман на Анаитасуна.
„Сè уште го чувам тој дрес и се сеќавам на посебното чувство кога излегов на теренот. Сега сум тука како играч на Барселона, а тоа ме прави многу среќен.“
Јанус Дади Смарасон пристигнува за да ја засили бековската линија и да внесе брзина и креативност по заминувањето на Домен Макуц.
„Многу сум среќен. Огромна чест е да бидам во Барселона. Сега е време за работа и сакам многу да учам.“
Двајцата нови играчи веќе ги направија првите чекори во каталонскиот клуб и испратија јасна порака – со голема амбиција и желба за успех влегуваат во новата етапа од своите кариери.

























