Играше двапати со Вардар во Келн – сега по девет сезони си оди од Берлин!

Српскиот репрезентативец Миjајло Марсениќ по завршувањето на сезоната 2026/27 ќе го напушти Фуксе Берлин.

Германскиот клуб официјално потврди дека нема да го продолжи договорот со искусниот пикер, за кого оваа сезона ќе биде деветта во дресот на „лисиците“.

Некогашниот вардарец пристигна во Берлин во 2018 година по два пласмани на Ф4 во Келн со македонскиот тим и во изминатите сезони остави голема трага во клубот.

Со Фуксе Берлин тој освои титула во Бундес лигата во 2025 година, Купот на Германија во 2026 година, Европската лига во 2023 година, како и два Суперкупа на Германија во 2024 и 2025 година.

Српскиот пикер веќе има одиграно повеќе од 300 официјални натпревари за берлинскиот тим, а неодамна ја надмина и бројката од 1.000 постигнати голови.

Интересно е што неговото заминување отвора место кое, според најавите од полските медиуми, би можел да го пополни Тео Монар од Келце, кој од летото 2027 година треба да се пресели во Берлин.

Така, Фуксе Берлин следното лето ќе остане без искусниот Марсениќ, но во исто време би можел да добие млад француски пикер кој во последните сезони бележи сериозен напредок.