ОХРИД 2026: Анастасовски – Колку сме, толку сме – даваме максимум

Вардар стигна до нова победа на турнирот „Крсте Андоновски“, 33-27 против Нексе, а Кристијан Анастасовски имаше исклучително тешка задача. Поради проблемите на соиграчите на неговата позиција, младиот пикер практично сам го изнесе најголемиот товар на линијата, а во одредени моменти Вардар мораше да игра и без класичен кружен напаѓач.

Кристијан Анастасовски добива сè поголема одговорност во составот на Вардар во подготвителниот период.

На последниот натпревар во Охрид задачата беше уште потешка – практично беше единствениот расположлив пикер, па голем дел од мечот мораше сам да го изнесе товарот на таа позиција.

Вардар не сметаше на Виктор Јанковски и Милан Лазаревски,

„Моментално сум сам, колегите имаат проблеми со повреди, но тоа е што е. Колку сме, толку сме. Јас го давам максимумот. Малку е тешко, нема многу ротација, но во ред е“, вели Анастасовски.

И покрај проблемите, најважно за Вардар е што повторно стигна до позитивен резултат. За еден пикер да одигра практично цел натпревар без вистинска замена е сериозен физички предизвик, особено во период кога екипата има густ распоред со подготвителни мечеви.

Анастасовски не крие дека било тешко.

„Не беше лесно да се игра. Сам 60 минути е тешко, не можеш цел натпревар така, но имав голема поддршка од соиграчите“, објаснува вардарецот..

Стручниот штаб мораше да бара и алтернативни решенија во нападот. Во моментите кога Анастасовски мораше да добие одмор, Вардар ја менуваше поставеноста и играше со четворица бекови.

„Знаевме дека кога ќе се изморам и кога ќе треба да бидам надвор, мора да имаме друго решение. Подготвивме варијанта да играме со четири бека и на крајот добро заврши“, вели Анастасовски.

За Анастасовски секоја минута на теренот е можност да покаже дека тренерот Иван Чупиќ може да смета на него. Иако околностите го принудија да има многу поголема минутажа од вообичаеното, младиот пикер не бега од одговорноста.

„Се погоди таква ситуација и тоа е тоа. На мене е да ја искористам шансата и да го дадам максимумот“, е пораката на Анастасовски.

Со оглед на ограничената ротација на линијата, неговата улога може да биде многу важна и во продолжението на турнирот.

Вардар сега го очекува уште еден сериозен тест. Следен противник е Тримо Требње, екипа која покажа квалитет и против Олимпијакос, а меѓусебниот дуел може директно да решава за првото место во групата и пласманот во финалето.

Досега младиот ракометар покажа дека не се плаши од одговорноста.

„Колку сме, толку сме. Давам максимум“, е реченицата која најдобро ја опишува неговата улога во овој момент.

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________